На 6-ти септември катастрофален пожар ја зафати фабриката на „Макпрогрес“ позната по брендот Винчини. Фабриката направи голем гест со тоа што и покрај големиот пожар кој причини материјални штета не отпуштија ниту еден вработен. Денеска сите вработени се вратени на работа, а дел од работниците чии погони изгореа се прераспределени. Секоја чест за компанијата, да ги купуваме нивните македонски производи!
Претходно се огласија и сопствениците.
„Макпрогрес” останува посветен на своите вработени, партнери и заедницата. Фабриката ‘Винчини’ ќе ја обновиме, имаме кадар и знаење за тоа. И тоа пак во Виница. Но потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција, а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа. На сите наши производи продажните цени ќе ги задржиме ниски и достапни за потрошувачите како и досега, а дополнително некои цени и ќе ги намалиме како би поттикнале поголема продажба. Заедно со Стопанската комора и сите ланци на маркети ќе направиме напори и ќе дадеме сè од себе да успееме, вработените да ги работно ангажираме со цел да ги задржиме работните места“, се вели во соопштението на компанијата потпишано од сопствениците Глигор Цветанов и Александар Цветанов.
