Недалеку од атарот на селото Свиништа, на ридот се наоѓа црквата посветена на Светата Богородица, храм кој веќе неколку години интензивно се возобновува од страна на месното население.
Во пресрет Големиот христијански празник, Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) охридското село Свиништа и оваа година се подготвува со богата програма.
Со почеток од 8:00 часот во Црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица (Голема Богородица) ќе започне богослужбата со свечена Литургија, а по Литургијата ќе биде извршен причест, за powerinfo.mk велат организаторите.
Според предвидената програма по чинот на Литургијата и причестот следува свечената традиционална трпеза и забавен музички дел со стара народна македонска песна и музика.
