Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици 112 беше примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот – сестра на 16-годишното девојче – која, во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува.Потрагата сеуште трае на младото 16 годишно дете, кое во попладневните часови пропадна во водите на реката Вардар кај селото Уланци Општина Градско. Во претрага се вклучија екипите на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-гнурци, како и Специјалните сили, припадници на Армијата, тим за претрага во води Волци. На терен се и тим од ДЗС.
