Променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд.
Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 11 степени.
Во следниот период ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во сабота. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник се очекуваат нови врнежи од дожд.
