HomeАктуелноСкопскиот и Охридскиот аеродром со рекорден сообраќај и нови дестинации во првото полугодие од 2025

Скопскиот и Охридскиот аеродром со рекорден сообраќај и нови дестинации во првото полугодие од 2025

Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужиле 1.529.451 патници во првата половина од 2025 година што претставува зголемување од 5% во споредба со минатата година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Само во јуни, сообраќајот бележи пораст за импресивни 12%. Вкупно 12.235 летови опслужени од јануари до јуни. Благодарение на 8 нови авиолинии и сè поголемиот чартер сообраќај, повеќе дестинации од кога било досега се само на еден лет оддалеченост, велат од ТАВ Македонија.

Посочуваат на новите директни линии воведени оваа година од Меѓународниот аеродром Скопје до Амстердам (Transavia), Париз-Орли (easyJet), Барселона и Лион (Wizz Air), Анкара, Чукурова и Дијарбакир (AJet), како и од охридскиот аеродромот Св. Апостол Павле до Истанбул (Turkish Airlines).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.