HomeАктуелноСловачката претседателка Чапутова утре во Скопје

Словачката претседателка Чапутова утре во Скопје

Претседателката на Словачка Зузана Чапутова утре ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Чапутова, како што пренесува словачката национална новинска агенција ТАСР, во Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски.

На средбите ќе се разговара за актуелната меѓународна политичка и економска ситуација предизвикана од војната во Украина и за енергетската криза, како и за поддршката за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и другите земји од Западен Балкан.

Словачката претседателка ќе допатува во Скопје од Атина каде што денеска ќе разговара со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу и со премиерот Киријакос Мицотакис.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.