Кривичниот совет во наредните два дена ќе одлучува по жалбата која адвокатот на Мухамед Зеќири ја поднесе за 30-дневниот притвор..
Адвокатот на генералниот секретар во оставка вчера поднесе жалба на одлуката. Тој за Канал 5 потврдил дека со поднесената жалба ги оспорил сите основи за определениот притвор на Зеќири како опасност од бегство, повторување на делото и влијание врз сведоците..
Зеќири е од петокот во истражниот затвор во Шутка, откако Кривичниот суд го прифати барањето на Обвинителството од каде соопштија дека против него е отворена истрага по сомнежи дека ја злоупотребил службената положба, склучувајќи договор без јавна набавка.
