HomeАктуелноСостојбата во државата по обилните врнежи од дожд е стабилна, согласно последните информации од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се во рамки на нормалата, со благо покачување

Состојбата во државата по обилните врнежи од дожд е стабилна, согласно последните информации од РЦУК 7/24. Водостоите на водотеците се во рамки на нормалата, со благо покачување

Регистрирани се следните појави и преземени активности:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

• Одрон на патниот правец Битола – Прилеп, кај с. Лознани.

Известени: МВР ПС Битола и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта – подружница Битола.

• Одрон од голем камен на патниот правец Ресен – Охрид, кај Буково.

Известени: МВР ПС Ресен и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

• Поплавен објект (фарма) во с. Породин, Општина Битола.

Известен: Началникот на штабот за заштита и спасување при Општина Битола.

• Поплавена визба на ул. 24 бр. 10 во Битола.

• Одрон на патниот правец с. Близанско – Македонски Брод, во должина од околу 15 метри.

Известено: ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта.

Надлежните служби се координирани и активно постапуваат на терен.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.