HomeАктуелноСредба на државниот секретар Петрушевски со делегација од Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција

Средба на државниот секретар Петрушевски со делегација од Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција

На (21.01.2025) државниот секретар Сашо Петрушевски оствари средба со делегација од Швајцарска Конфедерација, предводена од Кристина Пробст-Лопез, раководител на Одделот за меѓународна соработка во швајцарскиот Државен секретаријат за миграција.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Државниот секретар Петрушевски, на самиот почеток од средбата ја потенцираше важноста на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација која се одвива во рамките на традиционално добрите односи, потврдена со потпишани пет меѓународни договори.

Со оглед на целта на посетата на швајцарската делегација, државниот секретар особено се осврна на последно потпишаниот Меморандум за разбирање помеѓу двете држави за воспоставување на партнерство за миграција, кој претставува одлична основа за продлабочување и проширување на дијалогот и соработката во областа на миграцијата, заснована врз начелото на реципроцитет за идентификување на можностите за пронаоѓање на конструктивни решенија за предизвиците на глобалната миграција. Во продолжение на средбата, беше потенцирано дека токму оваа втора средба на двете делегации ќе ги идентификува потребите за области на соработка и ќе поентира со конкретни предлози и потреби за управување со миграциите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.