HomeАктуелноТајната на најстарата жена во светот: Jадела три намирници секој ден

Тајната на најстарата жена во светот: Jадела три намирници секој ден

Студија за животните навики на шест лица што имале над 100 години доведе до интересни заклучоци. Французинката Жанин Луиз Калмент била најстарата личност во светот – таа живеела 122 години, а еднаш ги навела трите намирници што ги јадела секој ден.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Чоколадо: Жанин јадела чоколадо по секој оброк. Иако на некои можеби им изгледа чудно, оваа намирница има голем број здравствени придобивки. Истражувањата покажаа дека е добра за срцето и помага во борбата против ракот и заразните болести што го нарушуваат имунолошкиот систем.

Маслиново масло: Американското здружение за срце наведува дека маслиновото масло, меѓу другото, содржи витамин Е и го намалува нивото на лош холестерол. Како резултат на тоа, ризикот од срцеви заболувања е помал. Истражувањата покажаа дека консумирањето големи количества маслиново масло е поврзано со подолг живот. Лекарите советуваат да се користи наместо маргарин и мајонез.

Вино: Калмент изјавила, според Кликс, дека особено сакала да пие „порто“, црвено вино произведено во Португалија. Многумина го консумираат овој вид вино како дел од медитеранската исхрана, која е прогласена за најздрава. Секако, важно е да се консумира умерено, не повеќе од една чаша дневно.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.