HomeАктуелноТеута Арифи ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ

Теута Арифи ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ

Поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерка за евроинтеграции, Теута Арифи, ќе биде нов македонски амбасадор во ЕУ, пишува „Фокус“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информациите на неделникот, актуелниот директор на АНБ Виктор Димовски, ќе замине на амбасадорска служба во Париз, а амбасадорското место во Вашингтон ќе биде пополнето со Зоран Попов, дипломат од кариера кој е државен секретар во МНР.

Неофицијално, овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.

Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.