На 15.08.2022 во 21.50 часот било пријавено дека во Тетово на бул.„Видео Смилевски Бато“, патничко возило „бмв“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.П.(49) од с.Голема Речица удрило во Т.Р.(23) од с.Сараќино.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Р., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
