HomeАктуелноТлото се тресе: Нов потрес почуствуван во Македонија

Тлото се тресе: Нов потрес почуствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера 28.02.2023 година регистрираше земјотрес 184 km југозападно од Скопје кој потекнува од соседна Република Албанија.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 43 минути со Рихтерова локална магнитуда ML4.1 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во западниот и северозападниот дел од Републиката.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.