HomeАктуелноТопол бран над Македонија: Температурите до 42°C, Министерството за здравство со итни препораки

Топол бран над Македонија: Температурите до 42°C, Министерството за здравство со итни препораки

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.Во Охрид времето денес сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на топол бран од југ до сабота времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули.

Во петок максималната температура ќе се движи од 37 до 42 степени.

Поради топлото време и согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од Министерството за здравство дадоа повеќе препораки за заштита на населението од високи температури, меѓу кои престојување во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалаци, носење лесна, светла облека и користење заштита за глава и очи.

Се препорачува и избегнување физичка активност во најтоплите часови од денот, посветување внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени, да се одложат активности на отворено во најтоплиот дел од денот и да се обезбедат микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25 степени Целзиусови) на работното место и во домот, а во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс веднаш да се побара медицинска помош.

Министерството за здравство информира дека внимателно ја следи состојбата на дневна основа и ќе постапува согласно проценките и потребите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.