HomeАктуелноТрадиционалната манифестација „Илинден“ во Ташмаруништа со богата програма и присуство на Христијан Мицкоски

Традиционалната манифестација „Илинден“ во Ташмаруништа со богата програма и присуство на Христијан Мицкоски

Во струшкото село Ташмаруништа во недела (2 август) ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Илинден“, со која ќе бидат одбележани 123 години од Илинденското востание и 75 години непрекинато чествување на празникот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Програмата ќе започне во 10 часот со пречек на коњаничкиот марш, по што ќе следува полагање свежо цвеќе на споменикот на Двата Илиндена и полагање венец во чест на борците од Илинденското востание.

Во 11:30 часот е предвидено свечено отворање на манифестацијата, по што ќе следува културно-уметничка програма. Според најавата на организаторите, во програмата ќе настапат Андријана Јаневска, Петар Темелковски, групите „Седенка“ и „Медник“, како и КУД „Илинден“ – Струга.

За 14 часот е најавена посета на претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски кој ќе положи свежо цвеќе на спомен-обележјето посветено на загинатите борци од Илинденското востание.

Манифестацијата се организира со цел да се одбележи еден од најзначајните датуми во македонската историја и да се зачува традицијата на илинденските чествувања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.