HomeАктуелноТрет ден од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“

Трет ден од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“

Трет ден од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“! ⚽️

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Возбудата на третиот ден од турнирот продолжи со низа интересни натпревари кои донесоа и комплетирање на една од групите. Тимовите покажаа одлична форма, спортски дух и голема борбеност, а публиката уште еднаш го исполни теренот со навивачка енергија.

Резултати од трето коло:

Чардак Велгошти : ЈП Охридски Комуналец – 3:9
Провелд : ТАВ Македонија- 7:5
АСП ПАК : Општина Охрид – 9:1

Со натпреварите од третото коло се комплетираше групата В, каде што првото место со 6 бода го освои тимот на Гранит X, второто Провелд со 3 бода и на третото место заврши тимот на ТАВ Македонија. Првопласираните два тима продолжуваат во четвртфинале додека на тимот на ТАВ Македонија им се заблагодаривме на учеството и им доделивме медал за учество.

Турнирот „Ohrid FREED 2025“ продолжува и вечер со уште поатрактивни дуели и вистинско спортско шоу во сала, со кои ќе се комплетираат и останатите три групи.

МАГНА : ЈП Колектор и ЈП Нискоградба – 20 часот..
КОСТАЛ Македонија : Општина Охрид – 21 часот
Инекс Олгица Хотел и СПА : ЈП Охридски Комуналец – 22 часот

Се гледаме вечер! – објавија од ЈП Билјанини извори – Охрид

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.