22 годишниот Роберт Е.Кримо е осомничен за вчерашната пукотница во чикашкото предградие Хајланд парк во Илиноис при што загинаа шест, а ранети 36 лица.
Американската полиција соопшти дека го уапсила осомничениот по 10 часа потрага. Припадниците на пилицијата го лоцирале и опколиле автомобилот на осомничениот, кој со кренати раце излегол од возилото. тој е приведен, а против него ќе биде покренато обвинение, се наведува во полициското соопштение без да се дадат детали околу мотивите за нападот.
Напаѓачот побегнал преходно по кратка потера, потоа колегите успеале да го запрат кај месносна Весли-41 околу езерската шума при што субјектот бил приведен без инциденти.- Лоу Џогмен, Началник на полиција.
Вооружениот 22 годишен напаѓач бил качен на еден од покривите долж улицата на која што се одржувала парадата по повод денот на независноста. Од покривот на зграда Кримо отворил оган од огнено оружје врз насобраните луѓе. Сите овие невини луѓе и нивните семејства засекогаш уништени. Не можам да разберам како некој намерно може да повреди некој друг, изјави еден од сведоците на пукотницата.
Само што започна парадата, беше 10 часот и 5 минути, сите бевме среќни поради парадата, која што одеше и во живо на фејсбук, правев слика за снепчет и 10-15 минути по почетокот слушнавме звуци, кои потсетуваа на огномет, но набрзо забележавме дека станува збор за пукање. -Сведок.
Повредените од нападот се со прострелни рани од огнено оружје и се лица на возраст меѓу 8 и 85 години кои што веднаш по нападот се префрлени во локалната болница. Напаѓачот живеел со својот татко, не бил вработен, ниту пак до сега има полициско досије, а сакал себе си да се реализира како рапер. Полициската истрага треба да утврди што го натерало на вакво крваво дело.
Вчерашниот инцидент се случи додека кај американците се уште се свежи сеќавањата на неколкуте оружени напади од неодамна, пред се на масакрот во основното училиште во Увалде, Тексас кога беа убиени 19 деца и двајца наставници како и оној на 14 мај, во кој во супермаркет во Бафало во државата Њујорк беа убиени околу 10 лица.
