HomeАктуелноУапсен потпалувачот на автомобилот на пратеникот Ристески од Прилеп

Уапсен потпалувачот на автомобилот на пратеникот Ристески од Прилеп

Mинитерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсен потпалувачот на автомобилот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

-На 20.07.2022 во полициска станица во СВР Битола-ОВР Прилеп е приведено едно лице, кое е осомничено во врска со пријавата во 01.45 часот дека на ул.„Цар Самоил” во Прилеп настанал пожар во патничко возило „шкода кодиак”, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од кој било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р, соопшти МВР.

Според соопштението на полицијата пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.