HomeАктуелноУбава вест за пензионерите – Следува ново покачување на пензиите

Убава вест за пензионерите – Следува ново покачување на пензиите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска очекува дека и следната година ќе има раст на пензиите имајќи предвид дека просечната плата природно ќе се зголемува.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На денешната прес-конференција во Владата, на која беше презентиран Предлог-буџетот за 2026 година, министерката за финансии рече дека согласно сегашните пресметки се очекува во март да порастат пензиите за илјада денари, а за септември дополнително Владата ќе одлучи дали зголемувањето ќе биде линеарно.

Илјада денари добија сега пензионерите, согласно пресметките исто толку ќе биде и во март следната година и во септември исто така имајќи предвид дека просечната плата природно ќе расте.

Поради недостигот на работна сила и целиот природен процес што се случува во економијата очекуваме дека ќе има раст на пензиите и понатаму, но ќе биде согласно законот, изјави Димитриеска-Кочоска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.