HomeАктуелноУбиство во Батинци: Маж со прострелни рани донесен без знаци на живот во скопска болница

Убиство во Батинци: Маж со прострелни рани донесен без знаци на живот во скопска болница

Утрово околу 10:55 часот, во Градската општа болница во Скопје бил донесен маж на возраст од 50 години, со прострелни рани во пределот на градниот кош. Според информациите од болницата, мажот бил без знаци на живот при пристигнувањето, а обидите за реанимација не дале резултат.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инцидентот се случил во селото Батинци, скопско, но засега не се познати околностите под кои дошло до пукањето. Полицијата изврши увид на местото на настанот и работи на идентификување на сторителот, како и на расветлување на мотивите зад убиството.

Истрагата е во тек.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.