На 26.10.2025 во 16:40 часот, на регионален пат Штип-Велес, во близина на крстоцницакај село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.М.(34) од село Иванковци, велешко.
При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило„фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,84 промили алкохол во крвта.
