На ден 25.9.2023 г. тимот GreenForce со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger се пријави за програмата на RISE – програма за идните млади социјални и зелени претприемачи.
Во конкуренција од 31 пријавениот тим, тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите осум тима од цела држава. На 24.10.2023 г. (вторник), тимот GreenForce составен од учениците: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски и Дарко Крлески, сите од III-3, под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успешно го поминаа интервјуто со жири-комисијата и успеаја да се пласираат во втората фаза од овој програм. На 4.11.2023 г. (сабота), ученичката Ана Спироска и менторката Ирена Ралева-Најдевска успешно ја поминаа програмата за вовед во социјално претприемништво од страна на RISE програмата. Оваа обука се одржа во Скопје, информираат од училиштето.
Во периодот што следува им претстојат осум онлајн и три физички средби за доразвирање на оваа идеја и во февруари 2024 година ќе се претстават во живо пред стручното жири.
