HomeАктуелно(ФОТО) Заврши и вториот блок на обуки за млади менаџери имплементирани од ФТУ и „Инклузија“.

(ФОТО) Заврши и вториот блок на обуки за млади менаџери имплементирани од ФТУ и „Инклузија“.

Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид заврши и вториот блок на обуки за млади менаџери, обуките се имплементираа од страна на ФТУ и Граѓанската организација „Инклузија“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

   

Во првиот блок на обуките, учесниците имаа можност да стекнат вештини на три теми од тројца предавачи тоа: Претприемништво и мали бизниси, предавањето на оваа тема беше спроведено од професорката по економија, Ирена Бандилова, на тема „Менаџмет на човечки ресурси“ говореше Игор Пешевски, студент на Хотелско-ресторански менаџмент и претседател на ФСС при ФТУ и последната обука во првиот блок беше „Бизнис план“ на која тема говореше Ристе Ристески, маркетинг аналитичар.

Во вториот блок на обуките учесниците имаа можност да се стекнат со вештини на тема родова еднаквост, предавањето беше имплементирано од Весна Цветкоска, М-р по политички науки, учесниците имаа можност да слушнат искуства од нашите гости Виолета Цепенковска, сопственичка на Fort Cаffe и Сузана Наумоска, сопственичка на Козметичкиот салон „Изида“.

За комуникациските вештини и нивната важност за сопствениот постојан или пак иден бизнис говореше Елена Ристеска, дипломиран политиколог на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје, при Универзитетот Св.Кирил и Меториј, додека за  лидерството како елемент  постојаниот или иден бизнис, говореше Вахид Мемед младински работник и претседател на невладината организација “Инклузија”, а збор зема и м-р Живко Димовски, директор на одделот за финансии и аминистрација КОСТАЛ Македонија ДООЕЛ Охрид, што овозможи студентите и присутните.

Особена чест и задоволство е што после исклучително тежок период со корона кризата  имаме повторно можност да се дружиме, предаваме, споделуваме и дискутираме на ваков начин, со физичко присуство и повторно се наоѓаме меѓу толку многу позитивни и амбициозни млади луѓе“ – истакнуваат од граѓанската организација „Инклузија“.

Би ја искористиле приликата да се заблагодариме за заинтересираноста на младите и одзивот што го имаше за да се биде дел од серијал обуките и жалиме што бевме приморани да голем дел од пријавените немаат можност да присуствуваат на овие обуки, бидејќи за многу краток временски период беа пополнети сите места, но вервуваме дека ние не застануваме тука и секогаш ќе бидеме дел од младите и нивниот глас, додаваат од Инклузија.

Меѓудругото, граѓанската организација „Инклузија“ ја информира јавноста дека денес во просториите на ФТУ се одржа и Генералното второ собрание на граѓанската организација „Инклузија“, која што активно постои и работи веќе 11 години.

Претседавач на собранието беше Игор Пешевски, присутните делегатите ги гласаа Вахид Мемед, Елена Ристеска, Крсте Пурцов, Емилија Кацелиноска, Мухамед Максуд, Сара Ѓоргоска и Евгенија Шулевска како членови во управниот одбор на Граѓанската организација „Инклузија“.

Во надзорен одбор беа изгласани Игор Пешевски, Фани Милошева и Ариф Бичак.

За генерален секретар на граѓанската организација „Инклузија“ е реизбрана Весна Цветаноска, додека за претседател на „Инклузија“ реизбор имаше Вахид Мемед.

За координатор за финансии и администрација е избран Ристе Ристески, дипломиран економист, за координатор за комуникација и логистика е избрана Елена Ристеска, допломиран политиколог и координатор за млади и волонтери е избрана Адела Абас.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.