Граѓани за влез во Македонија чекаат повеќе од 3 часа на граничниот премин Табановце.

Патниците кои се затекнале вечерва на Табановце коментираат дека не е пропуштено ниту едно возило. Истовремено е забележливо зголемено присуство на полиција, за тоа што се случува очекуваме да се изјаснат надлежните.
