Најпознатата битолска песна „Ако одам во Битола“, aвторско дело на легендарниот Петар Георгиев – Калица, и за многумина е неформалната химна на Битола.
Песната била првпат изведена во 1989 година од Октетот Македонија на фестивалот Валандово ‘89, песната деновиве доживеа ново издание со музички спот кој викендов имаа промоција во Битола.
Во солистичка изведба на Димитар Андоновски, придружен од група „Фонтана“ и Камерниот гудачки оркестар, како специјален гостин во овој музички проект се јавува познатата солистка на харфа Сара Костадиновска – Сара Мејс.
Обработката и аранжманот се на Благојче Трајковски, снимена е во студио “Подрумот“, а видео продукцијата е дело на ВЕСТА ПРОДУКЦИЈА.
Локацијата на спотот главно е во Офицерски Дом – Битола.
