HomeАктуелноЦУК со НАЈНОВИ информации за шумските пожари во државава

ЦУК со НАЈНОВИ информации за шумските пожари во државава

Според добиените податоци, на територијата на државата се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои:
 6 се активни,
4 се под контрола,
 4 се изгаснати
АКТИВНИ ПОЖАРИ (6):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)
3. Општина Македонски Брод – с. Црешнево (ниска вегетација)
4. Општина Штип – меѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
5. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума)
6. Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација)
 ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (4):
1. Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Македонски Брод 1 – меѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
3. Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
4. Општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (4):
1. Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово (мешана шума)
3. Општина Кочани 1 – с. Нивичани (ниска шума и сува трева)
4. Општина Кочани 2 – кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева)
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.