HomeАктуелноЧеститка од министерот Спасовски по повод католички Божик

Честитка од министерот Спасовски по повод католички Божик

Почитувани граѓани од католичка вероисповед,
Дозволете во свое лично име и во име на МВР да ви го честитам големиот христијански празник – Божик, со желби за здравје и радосни празнични мигови.
Христовото раѓање е нова просветлена иднина за човештвото. Да се радуваме на празникот на љубовта, единството и солидарноста, како највозвишени човечки особини. Да ја споделуваме радоста и да се заблагодариме за Божјата милост, за љубовта на Бога кон човечкиот род.
Нека овој голем празник ни го осветли патот кон позитивните вредности и нè обедини, да се разбираме, да се почитуваме и да си помагаме едни на други, заедно да градиме мир во нашето општество.
Ви посакувам празничен период исполнет со хармонија и многу радосни моменти со најблиските.
Христос се роди! Среќен Божик!

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.