HomeАктуелноЧетворица мажи оштетиле угостителски објект и полициско возило во Охрид

Четворица мажи оштетиле угостителски објект и полициско возило во Охрид

На 11.06.2024 во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што оштетиле дел од инвентарот во објектот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило.

Лицата беа задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.