HomeАктуелноЉубов, внимание и поддршка, стоплете ги срцата со работата на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов,, во Скопје

Љубов, внимание и поддршка, стоплете ги срцата со работата на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов,, во Скопје

Училиштето за деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов,, постои 67 години и е единствена установа на ниво на целата држава каде се спроведува основно и средно стручно образование на ученици со оштетен вид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Средното образование на учениците им овозможува стручно образование од здравствена струка со тригодишно и четиригодишно образование, графичка струка со образовен профил – книгоповрзувач – картонажер, сообраќајна струка – манипулант на телефонска централа и работно оспособување за учениците со оштетен вид.

Со гордост можеме да кажеме дека голем број од нашите ученици се вработени  во државни и приватни  установи.
Дел од учениците го продолжуваат нивното школување и на високо образовните институции: Филозофски факултет, Правен факултет, Висока медицинска школа и др. – велат од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид ,,Димитар Влахов,, – Скопје.

Освен тоа во склопот на училиштето работи и ученички дом кој задоволува капацитет од околу 90 легла и кој освен ученици со оштетен вид сместува и ученици од редовните средни училишта кои доаѓаат од внатрешноста, со тоа ДУРДМОВ промовира социјална инклузија, надминување на предрасудите и дискриминацијата, ширење на еднакви вредности. – додаваат од таму

Во рамките на училиштето функционира и нижо музичко училиште каде учениците учат солфеш, свират на пијано и хармоника.

Во училиштето работат  7 дефектолози (специјални едукатори), 4 тифлопедагози, 1 психолог и 20 предметни наставници, медицински, технички и административен персонал, меѓудругото училиштето соработува со многу институции во рамките на државата, но и надвор од границите на истата.

На гостување на редакцијата на powerinfo.mk истакнуваат дека од месец ноември 2020 година, училиштето воспоставило комуникација со сите училишта (институции) за лица со оштетен вид на Балканот, со кој секој последен петок од месецот одржуваваат зум состаноци, на кои споделуваваат добри практики и искуства, а воедно ги согледуваат и заедничките можности за соработка и аплицирање на проекти.

На еден од состаноците  ја презентиравме RYCO superschool програмата. Колегите од Босна (училиште сродно на нашето) изразија интерс за соработка, при што на платформата за аплицирање, креиравме профили, меѓусебно се поврзавме и започнавме со креирање на нашата проектна апликација. По неколку месеци добивме одговор дека нашиот проект е одобрен, па затоа сега во тек се подготовките за спроведување на проектните активности. – истакнуваат од ,,Димитар Влахов“.

Главна цел на проектот

Главната цел на проектот е преку интеркултурен дијалог, активности поврзани со градење мир и соочување со случувањето од минатото на територијата на Западен Балкан да се спроведат две мобилности (младински размени). Покрај  три главни теми во нивниот проект исто така ставаат акцент и на социјалната инклузија и подигање на свеста за лицата со оштетен вид.

Првата размена се случи на 23ти март 8 наши ученици, придружени од 4 вработени во нашето училиште ќе заминат во Сараево, БиХ, каде 7 дена ќе реализираат низа на спортски активности (гол бол, шах, пикадо), музички активности (дискусија за музичката култура и традиција на Босна и Македонија, свирење и изведување на песни од двете култури, дискусија за разликите и сличностите), ликовна работилница (дискусија за споменици во Македонија и Босна, изработка на спомениците од глина и изработка на еден заеднички споменик што ќе симболизира МИР), посета на културни и историски места во Сараево, приготвување на Босански специјалитети и сл. Во дел од активностите во Сараево ќе се вклучат и ученици врсници од Сараевски гимназии, заедно со нашите ученици ќе играат гол бол, шах, пикади, нашите учениците ќе ги учат Брајово писмо, а потоа ќе изготвуваат картички со пораки за МИР на Брајово и видно писмо.

Втората размена ќе се случи на почетокот на јуни, кога 10 ученици од Босна, ќе дојдат во Скопје, исто така 7 дена ќе реализираме различни активности преку кој гостите ќе се запознаат со традицијата и културата на Македонија, ќе зборуваме за можностите на лицата со оштетен вид да се запишат на факултет, за таа цел ќе организираме посета на Филозофскиот факултет, каде ќе дискутираме по ова прашање, ќе прикажеме примери од секојдневниот живот, за време на оваа посета ќе зборуваме и за тоа колку факултетите се пристапни за лицата со оштетен вид, ќе го посетиме и Музејот во рамките на филозофскиот факултет, каде професор ќе одржи работилниза за заедничката иторија на Македонија и Босна. Во соработка со Музејот на македонската револуционерна борба ќе реализираме работилници за одредени традиции од Босна и Сараево.

Сето ова ќе допринесе за афирмација на лицата со оштетен вид на регионот на Западен балкан, за запознавање на различни култури и традиции, за забава и запознавање на нови пријателства.

За RYCO

RYCO е меѓувладина организација (создадена по иницијатива на 6те влади од ЗБ) која управува и промовира регионална и интеркултурна соработка на младите од Западен Балкан. Програмите на RYCO се фокусираат на создавање можности за младите луѓе да се вклучат во активности кои градат меѓусебно разбирање и помирување во граѓанските, социјалните, образовните, културните и спортските домени. RYCO иницира и учествува во креирањето политики и се залага за воведување позитивни реформи во Западен Балкан.

За програмата Суперучилишта

RYCO Superschools е програма на RYCO за училишна размена во Западен Балкан  со цел да се поддржат процесите на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог. Програмата е дел од тригодишниот проект со повеќе донатори кофинансиран од Европската Унија и германското федерално министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) заедно со Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO). Проектот има вкупен буџет од 5,5 милиони евра и придонесува за севкупната цел за зголемување на вештините и знаењето на младите луѓе од Западен Балкан преку унапредување на образовните системи и промовирање на соработката во регионот, преку воспоставување регионална шема за размена на училишта.

За време на првиот отворен повик за суперучилишта, RYCO доби 127 предлози за размена,. Одборот за избор имаше тешка задача да избере 30 најдобри проекти насочени кон поддршка на процесите за градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.

 

 

подготвил: E.Р 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.