На 01.10.2023 во 09.30 часот на улица „15 Корпус” во Охрид, од слобода е лишен В.К.(39) од охридското село Велгошти. При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
