HomeАктуелноВечерва во Охрид промоција на песнарката „Охридски музички бисерник“

Вечерва во Охрид промоција на песнарката „Охридски музички бисерник“

Промоција на песнарката „Охридски музички бисерник“ од Андреј Лаброски ќе се одржи вечерва, 15 јули, со почеток во 19:30 часот во Музејско-културниот центар „Лапидариум“ во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Станува збор за значајно издание кое претставува вреден придонес во зачувувањето и промоцијата на охридското музичко наследство. Во песнарката се собрани дел од најзначајните музички творби и традиции поврзани со Охрид, со што се дава дополнителен придонес кон негувањето на македонската музичка култура.

Промоцијата ќе им овозможи на посетителите поблиску да се запознаат со содржината на делото, како и со неговото културно и историско значење.

Организаторите ги покануваат сите љубители на музиката, традицијата и културата да присуствуваат на овој значаен културен настан.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.