HomeРЕГИОНВтор ден без струја делови од струшкиот регион.

Втор ден без струја делови од струшкиот регион.

Снегот и дождот се уште прават проблеми во Југозападниот дел на Македонија .Некои од планинските струшки села и Дебарца се уште се без електрично напојување.

Од Мепсо и ЕВН информираа дека се на терен и етапно работат на нормализирање на електроснабдувањето, патиштата до некои села се исчистени, но,  на повисоките места се непроодни и во лоша состојба. Планинарската спасителна служба не добила повик од завеани граѓани но велат дека се подготвени да интервенираат и да помогнат со храна и лекови.

Како резултат на дождот и топењето на снегот има поплавени улици и населби. До ЦУК пристигнале пријави од граѓани од Мислешевски пат за поплавени дворови, подрумски простории и ниви.

Голем дел од планинските села втор ден се без струја. Регулаторната комисија за енергетика апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги превземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електична енергија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.