HomeАктуелноГолем дел од Македонија без електрична енергија

Голем дел од Македонија без електрична енергија

Голем дел од Македонија рано утрово остана без електрична енергија поради неочекуван прекин во снабдувањето што започна нешто околу 5 часот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Граѓани од бројни градови и региони, меѓу кои Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, пријавија прекин на струјата преку социјалните мрежи.

Некои скопски населби добија струја околу 6 часот, а други региони околу 7 часот, но на многу места снабдувањето со електрична енергија сѐ уште не е нормализирано.

Граѓани кои успеале да го добијат контакт-центарот на ЕВН велат дека им било кажано дека станува збор за голем дефект.

На веб-страницата на електродистрибутивната компанија немаше претходна најава за прекин.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.