Голем дел од Македонија рано утрово остана без електрична енергија поради неочекуван прекин во снабдувањето што започна нешто околу 5 часот.
Граѓани од бројни градови и региони, меѓу кои Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, пријавија прекин на струјата преку социјалните мрежи.
Некои скопски населби добија струја околу 6 часот, а други региони околу 7 часот, но на многу места снабдувањето со електрична енергија сѐ уште не е нормализирано.
Граѓани кои успеале да го добијат контакт-центарот на ЕВН велат дека им било кажано дека станува збор за голем дефект.
На веб-страницата на електродистрибутивната компанија немаше претходна најава за прекин.
