HomeАктуелноДвајца малолетници приведени поради испраќање заканувачки мејлови за поставени бомби во училиштата

Двајца малолетници приведени поради испраќање заканувачки мејлови за поставени бомби во училиштата

Припадници на МВР во Србија, во соработка со Антитерористичката служба, идентификувале и пронашле двајца ученици од основно училиште на возраст од 12 и 13 години кои, како што се сомнева, во претходниот период праќале мејлови за поставени бомби во основните и средните училишта на подрачјето на Нови Пазар, како и во маркет.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полицијата извршила разговор со момчињата во присуство на нивните родители и го известила Вишото јавно обвинителство во Нови Пазар и Центарот за социјална работа во овој град.

По наредба на Вишото јавно обвинителство Нови Пазар, поднесена е прекршочна пријава против родителите на момчињата поради постоење основи на сомнение дека сториле прекршок со тоа што не извршиле уреден надзор над децата.

Инаку, по пријави за поставени бомби, сите студенти, вработени и граѓани беа евакуирани, а припадници на полицијата извршија увид во објектите и утврдија дека секоја пријава е лажна.

Припадниците на полицијата дополнително го зголемија присуството во училиштата и училишните зони за учениците и сите вработени да бидат уште побезбедни и како и досега веднаш ќе постапуваат по секоја пријава и во соработка со надлежните институции ќе ги преземат сите мерки и дејствија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.