HomeМАГАЗИНДекември, некогаш и сега.

Декември, некогаш и сега.

Месец демекври нè потсетува на обележувањето на крајот на годината, месец во кој сè е толку убаво, сè е толку магично. Украсени градови, домови, продавници. Лампиони, светилки, елки, разни украси и честитки се дел од целокупниот амбиент во исчекување на Новата година.

Пред почетокот на дигитализацијата, секој декември пред доаѓањето на Новата година, со нетрпение ги чекавме и испаќавме хартиените новогодишни честитки.

 

Новогодишните честитки ги испаќавме по пошта до нашите роднини и пријатели, исто така со нетрпение очекувавме на нашата адреса нас да ни пристигнат новогодишни честитки.  Тие честитки будеа некое посебно магично чувство на празниците кои следеа. Сè беше толку посебно, позитивно и убаво, сè беше исполнето со  неизмерна љубов и среќа.

Додека денес, таа традиција скоро и целосно да исчезна. Хартиената честитка денес е заменета со честитки на социјалните мрежи, смс пораките, гифовите и видео клиповите.

И денес, во многу домови можат да се најдат вакви честитки од времето кога тие беа во употреба. И со самото сеќавање на истите во секој од нас будат посебно чувство на задоволство и посебна топлина во сечие срце.

 

                                   

 

Подготвил: Елена Ристеска.

Rate This Article:
No comments

leave a comment