HomeАктуелноЗагина жена, трагично заврши одмор на семејство од Македонија

Загина жена, трагично заврши одмор на семејство од Македонија

Во тешка сообраќајна несреќа на автопатот над Предејане, на влезот во Грделичката клисура, се случи тешка сообраќајна несреќа во која на лице место починала млада жена, а четири лица се повредени, меѓу кои две деца на возраст од 2 и 4 години.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Несреќата се случила откаков возачот изгубил контрола над возилото и силно удрил во насипот. Според очевидци, станува збор за семејство од Северна Македонија, кое се враќало дома по одморот во Словенија.

Една екипа на Итна помош од Здравствениот дом Лесковац и друга од Лесковачката болница во рекордно време пристигнале на местото и им укажале помош на повредените. Таму била и екипа на Итна помош од Здравствениот дом од Грделица, а едно од децата со полициски автомобил е пренесено во болница, пишуваат српските медиуми.

Видео

Слика

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.