HomeМАГАЗИНЗа меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, разговараме со специјален едукатор и рехабилитатор.

За меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, разговараме со специјален едукатор и рехабилитатор.

3-ти декември е денот кога се одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.

Редакцијата на powerinfo.mk  денес по повод меѓународниот ден на лица со посебни потреби, разговараше со специјален едукатор и рехабилитатор, Климентина Ѓоршовска која е допломиран специјален едукатор и рехабилитатор.

Ја прашавме Климентина што претставува попреченоста и каков е статусот на лицата со попреченост во општественото живеење?

Попреченоста не е невообичаена и е дел од човечката разновидност. Според некои истражувања скоро 15 % од вкупната светска популација се соочува со некаков вид на попреченост. Лицата со попреченост претставуваат една мошне хетерогена група. Прашањата во однос на статусот на лицата со попреченост во општеството, нивната инклузија во заедницата и степенот на уживање на нивните основни човекови права може значително да варираат, во зависност од видот на попреченост, средината, културата, традициите, родовиот и социо-економскиот статус.

Според Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Член 8 треба секојдневно да се преземаат непосредни, ефикасни и соодветни мерки за: подигање на свеста преку општеството, вклучено и нивото на семејство во однос на лицата со инвалидност и поттикнување на почитувањето на правата и достоинството на лицата со попреченост. Понатаму спречување на стереотипите, предрасудите и штетните пракси во однос на лицата со попреченост, вели Климентина.

Што претставува Меѓународниот ден на лица со попреченост?

Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден кој беше промовиран од страна на Обединетите нации во 1992 година. Целта на овој ден е да се зголеми свеста за подобро разбирање на луѓето кои се засегнати од некаков вид попреченост,поттик на луѓето да бидат посвесни за правата ,достоинството и благосостојбата на лицата со попреченост, како и да се подигне свеста за придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој аспект од живеењето. Нужно е да се стави акцент врз човекот, неговата индивидуалност и личното достоинство,  врз негововите функционални способности, а не врз неговата попреченост, истакна Климентина.

За крај, ја запрашавме какво е чувството секојдневно да се работи со лица со попреченост?

Секојдневната работа и посветеност на сите лица кои се засегнати при работата со лицата со попреченост е неизмерно исполнета со љубов, искреност, милион насмевки и полна вреќа позитивност. Не само на овој ден, туку и сите останати денови во годината работиме, мултидисциплинарноста во пристапот, меѓусебната соработка со родителите и стручните лица е токму одговор на постигнатите резултати и слободно може да кажам дека во поново време прифатливоста и информираноста на општеството е на едно повисоко ниво.

Би сакала да го цитирам Пабло Пикасо, кој вели:”Кој сака да направи нешто, бара начин, а кој не сака ништо да направи, бара оправдување” Она што би сакала да го кажам за крај е дека ние бараме и ќе продолжиме да бараме начин, тука не застануваме, не само на овој ден, туку секој нареден, не само оваа година , туку и секоја наредна, продолжуваме да работиме,да се дружиме , да учиме, да се смееме, бидејќи за нас секој ден е трети декември.истакнува за powerinfo, Климентина Ѓоршовска,специјален едукатор и рехабилитатор.

 

 

Подготвил: Елена Ристеска.

Rate This Article:
No comments

leave a comment