HomeЕКОНОМИЈА(КОЛУМНА) Корона кризата и младинската невработеност.

(КОЛУМНА) Корона кризата и младинската невработеност.

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 ги промени движењата во економскиот и општествениот систем. Имено, со настанувањето на кризата се створи неизвесност кај економските субјекти, која што негативно се одрази врз инвестициите и останатите економски индикатори. Како и кај сите останати пазари, оваа неизвесност се ефектуираше и врз пазарот на труд. Пазарот на труд во нашата економија се одликуваше со специфични текови и состојби и во периодот пред пандемијата. Меѓу другото нашата економија и во периодот пред кризата се одликуваше со високо ниво на младинска невработеност. Имено, во првиот квартал во 2019 година стапката на невработеност кај младите на возраст од 15 до 24 години изнесувала 37% (Извор: ДЗС). Тргнувајќи од овој податок, со цел превземање на потребните мерки и за во периодот на кризата и за во посткризниот период, неопходно е да се анализира движењето на невработеноста кај младите како и самото однесување на невработените лица на оваа возраст на пазарот на труд и нивните очекувања.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Извор: ДЗС

Од приложениот графикон може да се воочи дека кај невработеноста кај младите на возраст од 15 до 24 години имаме раст во третиот и четвртиот квартал во 2020 година, потоа следи намалување во првиот квартал во 2021 и повторно се јавува раст во вториот квартал во истата година. Оваа нестабилност која се манифестира на графиконот укажува на ранливоста на невработеноста кај младите од 15 до 24 години. Како фактори кои придонесуваат кон таа ранливост може да се наведат: карактерот на договорите на определено време, институционалната запоставеност и контролните механизми на пазарот на труд, во насока на почитување на работнички права итн.

Извор: ДЗС

Покрај зголемената невработеност кај младите, оваа пандемија предизвика и промени во очекувањата кај невработените и мотивираноста да тие активно се вклучат на пазарот на труд во процес на барање работа.  Доколку го погледнеме графиконот може да забележиме дека нивото на активност во вториот квартал во 2021 година е помало од нивото на активност во вториот квартал до 2020 година. Ова може да биде резултат на губењето на работните места кај лицата и намалената побарувачка за работна сила во овој период.  Со цел стабилизирање на состојбите на овој сегмент на пазарот на труд, потребна е поголема лепеза на таргетирани мерки од страна на креаторите на политиките. Имено, потребно е да се зајакнат капацитетите за кариерно советување на локално ниво, согласно движењата на локалните (општинските пазари на труд). Исто така, важна е ефикасноста на мерките, која пак е детерминирана од правилната таргетираност на истите. Во однос на нивото на кое тие ќе се превземаат и имплементираат, важно е истите да бидат прилагодени на локалните или општинските пазари на труд, со цел да нема диспропорции во ефектите на истите.  – пишува Ристе Костовски, студент на постдиполомски студии на Економскиот факултет при УКИМ.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.