HomeАктуелноПАДНА ОДЛУКА – Овие граѓани ќе имаат поголема плата!

ПАДНА ОДЛУКА – Овие граѓани ќе имаат поголема плата!

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, објави дека е потпишан договор со Синдикатот на работниците за зголемување на платите на општинската администрација за 7 проценти од основната плата во наредните три години, објави ТВ21.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според Касами, оваа одлука има за цел да обезбеди поголема поддршка за вработените и да придонесе кон создавање помотивирана и поценета администрација.

„Уште еден важен чекор за евалуација на општинската администрација! Денес, заедно со Синдикатот на работниците, го потпишавме договорот за зголемување на платите на општинската администрација за 7% од основната плата, во тек на три години по редослед. Одлука што ја докажува нашата посветеност на поддршката на вработените и градењето помотивирана и поценета администрација“, напиша Касами.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.