HomeАктуелноЛајка: Отстранет „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид, од таму бараат соодветно санкционирање

Лајка: Отстранет „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид, од таму бараат соодветно санкционирање

Од Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ информираат дека повеќе го нема „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Истиот речиси две години, во близина на Охрид егзистираше како здание создадено да задоволува нечиј патолошки порив за крв и тортура, како и за печалење (можно и перење) пари плод на болот и агонијата на кутри кученца исклучиво чувани за таа цел. Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите (за кои веќе и врапчињата знаат кои се) и спречување на создавање нов ринг во некоја друга потзаскриена средина.“, реагираат од „Лајка“ во објава на социјалната мрежа Фејсбук.

Додаваат дека трагите од постоењето на овој ринг и натаму сведочат за хоророт кој се одвивал тука, а за кој надлежните со години ќутеле и не превземале ништо.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.