Македонскиот пејач Бојан Илиевски е големиот победник на 19. сезона од регионалното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Во големото финале, одржано на 21 јуни, тој ја освои најголемата поддршка од публиката со повеќе од 50.000 СМС гласови и заслужено се искачи на победничкиот трон.
Илиевски, кој настапуваше под менторство на Ѓорѓе Давид, важеше за еден од фаворитите во текот на целата сезона. Неговите настапи редовно добиваа пофалби од жирито и силна поддршка од гледачите, која кулминираше токму во финалната вечер.
По прогласувањето за победник, Бојан не можеше да ги сокрие емоциите – падна на колена и се расплака од среќа, додека публиката и присутните во студиото го поздравија со долг аплауз.
Со овој триумф, Македонија уште еднаш потврди дека има исклучителни музички таленти, а Бојан Илиевски стана новото големо име на регионалната музичка сцена.
