HomeАктуелноНад 8 илјади стебла марихуана уништи полицијата во Албанија

Над 8 илјади стебла марихуана уништи полицијата во Албанија

Албанската полиција продолжува со националната акција „чиста територија“ против одгледување марихуана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како резултат на воздушни проверки со армиски хеликоптер во области со многу тежок терен, во северниот дел, денеска во атарот на Вау те Дејас откриени се насади со марихуана при што се уништени 8.602 стебла, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението се додава дека продолжуваат работите за откривање, фаќање и изведување пред лицето на правдата на граѓаните инволвирани во оваа криминална активност.

Во рамки на акцијата само во северниот дел на земјата до сега се уништени повеќе од 300 илјади стебла марихуана.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.