HomeАктуелноНе е проблем украсувањето во Скопје, проблем е загаденоста и сообраќајот, вели Поповиќ

Не е проблем украсувањето во Скопје, проблем е загаденоста и сообраќајот, вели Поповиќ

Можеби требаше порано да се накити градот и не подалеку да го добие сјајот на соседен Белград, но тоа и не е најголемиот проблем на главниот град. Директорката на НУ „ Охридско лето“ Наташа Поповиќ во утринското гостување на „Слободен печат“, вели дека Скопје има посуштински проблеми. Како родена Битолчанка која животот го поминала во Охрид , па потоа во Америка за да на крај основа смејство и живее во Скопје вели дека не би можела да замисли да живее во друг град.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Родена сум во Битола, татко битолчанец, мајка охриѓанка, сум пораснала во Охрид, потоа животот ме однесе во Америка. Срцето ми е пола за Охрид и Битола. Во Скопје живеам со моето смејство, маж ми е скопјанец. Не би можела да жевеам во друг град освен во Скопје. Во Скопје се случува се. Скопје е убав град, ете елката требаше да биде порано. Еден Белград е накитен пред еден месец, но не ми пречи до толку китењето, во Скопје најмногу ми пречи загадениот воздух. Во Скопје жевеам, сум се одлучила тука да живеам.Охрид е мојата душа, и фала му на господа што со работава ме врати во Охрид. Во Скопје би сакала да нема само загаден воздух и се разбира еднаш за секогаш да се реши сообраќајниот хаос“, вели Поповиќ.

Наташа Поповиќ пет години успешно ја води манифестацијата „Охридско лето“, а годинава беше и избрана за жена на годината за 2023 година од областа на културата, во рамките на конференцијата „Жени Претприемачки“.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.