HomeАктуелноНови правила за евтина струја и сезонски тарифи

Нови правила за евтина струја и сезонски тарифи

Домаќинствата би можеле да добијат повеќе часови со пониска цена на електричната енергија доколку биде усвоен новиот тарифен модел што го разгледува Регулаторната комисија за енергетика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Идејата е евтината тарифа да се прилагоди на реалните услови на пазарот, односно да се користи периодот кога има поголема понуда на струја и пониски берзански цени. Според анализите, такви периоди се појавуваат особено во дневните часови и за време на викендите.

Од инженерската фела посочуваат дека уште претходно предложиле промени со кои евтината струја би се проширила во часовите кога производството, особено од обновливи извори, е поголемо.

Според разгледуваните модели, во летниот период граѓаните би можеле да имаат значително повеќе часови со намалена тарифа во текот на неделата, додека во зимскиот период распоредот би бил различен поради променетата потрошувачка и условите на пазарот.

Како можен нов пристап се разгледува и воведување сезонски тарифи, со кои цените би се приспособувале според периодот од годината и достапноста на електрична енергија.

Од Регулаторната комисија претходно најавија дека целта е да се најде решение кое ќе им овозможи на граѓаните пониски сметки, но и подобро искористување на домашното производство на струја.

Енергетските експерти сметаат дека промените би можеле да имаат најголем ефект кај домаќинствата кои користат електрична енергија за греење, бидејќи најголем дел од потрошувачката во домовите отпаѓа токму на затоплување.

Конечната одлука за новиот тарифен систем допрва треба да биде донесена, по што ќе биде познато дали и кога граѓаните ќе почувствуваат промени на сметките.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.