HomeДругоОбновено: Детали од синоќешната сообраќајна несреќа во Охрид

Обновено: Детали од синоќешната сообраќајна несреќа во Охрид

На 17.12.2023 во 00.40 часот, на крстосницата на булеварот „Железничка” со улицата „Будва” во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, управувано од С.А.(48) од Охрид и патничко возило „форд” со охридски регистарски ознаки, сопственост на МВР, управувано од Д.Н.(37) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Н., а В.А. (42) од Охрид, сопатник во возилото „форд”, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи, а возачот С.А. бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додааат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.