HomeАктуелноПадот од моторот што му беше пасија и освојуваше престижни награди беше фатален за Душко Чифлиганец, Македонија се простува со младиот бизнисмен

Падот од моторот што му беше пасија и освојуваше престижни награди беше фатален за Душко Чифлиганец, Македонија се простува со младиот бизнисмен

Познатиот македонски бизнисмен, 32-годишниот Душко Чифлиганец, почина во болница во Чешка, а неговите пријатели и соработници се збогуваат со него објавувајќи заеднички фотографии на социјалните мрежи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синот на сопственикот на „Адора“ групацијата беше тешко повреден во мото-трка која се одржувала викендов во Брно, Чешка. Според наши неофицијални информации со хеликоптер бил пренесен во Прага.

Синоќа, голем број познати јавни личности објавија постови посветени на загинатиот Чифлиганец, меѓу кои пејачката Тамара Тодевска, рели – возачот Игор Стефановски – Иџе, водителот Мирослав Кацаров и други.

Душко Чифлиганец важеше како познат љубител на мотори и автомобили и добитник е на престижни признанија за брзински мотоциклизам.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.