HomeАктуелноПрв круг претседателски избори на 24 април, a парламентарни и втор круг за претседател на 8 мај

Прв круг претседателски избори на 24 април, a парламентарни и втор круг за претседател на 8 мај

Политичките партии на денешната лидерска средба го договорија датумот на парламентарните и на претседателските избори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата, објави дека првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг заедно со парламентарните избори на 8 мај.

Датумите, како што појасни Ковачевски, биле определени за да се запазат законските рокови, но и со оглед на верските празници што се паѓаат во тој период од годината.

Сто дена пред изборите ќе биде формирана техничка влада, при што, според коалицискиот договор, премиерот ќе биде од редовите на ДУИ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.