HomeАктуелноПроподување со нож во Струга, братот на момчето објави фотографија со текст: ОВА Е ЛИЦЕТО КОЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ БРАТ МИ

Проподување со нож во Струга, братот на момчето објави фотографија со текст: ОВА Е ЛИЦЕТО КОЕ СЕ ОБИДЕ ДА ГО УБИЕ БРАТ МИ

На 26.10.2025 во 00:50 часот, во ОВР Струга од слобода е лишен Ц.В.(17) од струшкото село Ташмаруништа. Тој, по претходна расправија со М.П.(24) од Вевчани на улицата „15 корпус” во Струга, со нож го прободел М.П., објави МВР денес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Избоденото момече е Марко Попоски, кој поради нанесените повреди од нож од 30 сантиметри 9 часа бил на операција, сподели неговиот брат на социјалните мрежи, додавајќи дека класификацијата на ова дело треба да е обид за убиство.

“Ова е Ц.В. од Ташмаруништа, кој ноќеска со НОЖ од 30см се обиде да ГО УБИЕ БРАТ МИ Марко Попоски, нанесувајќи му повреди кои трајно можат да го загрозат неговото здравје и професија. Марко е опериран цели 9 саати …

Квалификацијата на настанот низ медиумите е нанесување на тешки телесни повреди. НЕ. ОВА Е УБИСТВО ВО ОБИД и така треба да се процесуира. Цветко во ПРИТВОР, со се ножевите со кој шета по Струга”, напиша братот на повреденото момче, а неговата објава можете да ја погледнете на Фејсбук со клик ТУКА

Вевчанецот Марко Попоски е прободен со нож вчера вечерта во Струга од еден идиот од Ташмаруништа.

Полицјата/обвинителството се со јасна намера да го пуштет идиотот од Ташмаруништа да се брани од слобода да не му давет притвор, за обид за убиство…. Бедна држава. Срам”, напишаа тие.

На фејсбук странкцата “Мое Вевчани” пак е објавена фотографија на прободеното момче.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.