HomeАктуелноСоопштение за споменот на Светите Кирил и Методиј

Соопштение за споменот на Светите Кирил и Методиј

Ве известуваме дека на денот кога Православната Црква го слави споменот на Светите Рамноапостолни сесловенски Просветители и учители, Солунските Браќа Кирил и Методиј, во бигорскиот скит посветен на Нив, во с. Битуше, во петок, на 24 мај, со почетокот во 08:00 часот ќе започне Утрената богослужба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во 9:00 часот, ќе се отслужи Света архијерејска Литургија  на која ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од нашата света Обител.

Во храмот кој се наоѓа во напредна фаза на изградба и оваа година молитвено ќе се собереме, за да испросиме од Бога и од Светите Браќа благослов и поскоро завршување на нивниот нов дом. По завршувањето на богослужбите, во дворот на скитот ќе се одржи културно-уметничка програма со народни ора и песни.

На Светата Литургија ќе присуствуваат сите монашки заедници под духовно раководство на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, односно братството на Бигорскиот Манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино.

Христос Воскресе! Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј
игумен на Свештената Бигорска Обител

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.